Познатата семејна драма за “Докторката во Алабама” ќе се емитува на кабловскиот канал Фокс Лајф, започнувајќи од четврток (18 јуни 2020). Од понеделник до петок во 17 часот, ќе уживате во една топла приказна од сценаристот и режисерот на “Округот Оринџ” и “Озборувачка”.
Зои тукушто завршила медицински универзитет во Њујорк и добива шанса да работи заедно со др. Вилкис во малото гратче Блубел, државата Алабама. Зои пристигнува во малиот град во мексиканскиот залив меѓутоа дознава дека докторот Харли Вилкис починал и дека во тестаментот својата половина од медицинската ординација ѝ ја оставил нејзе.
Таа веднаш се соочува со непријатностите на граѓаните кон новодојдените. Таа бргу сфаќа дека јужното гостопримство не е секогаш толку пријатно – другиот доктор во градот, Брик Бриланд не е баш задоволен дека треба да ја дели ординацијата со овој млад нестручњак Зои од Њујорк, а неговата ќерка Лемон, е јужна убавица чиј пријатен карактер се вкиселува кога ја запознава Зои.
Единствени сојузници на Зои ѝ се градоначалникот Леван Хејс, кој е поранешна рагби ѕвезда, нејзиниот сосед – лошото момче Вејд Кинсела и згодниот адвокат Џорџ Такер, кој ѝ е свршеник на Лемон. Зои е подготвена да си ги спакува торбите и да се врати назад во Њујорк, но изненадната посета на нејзината снобовска мајка од Њујорк, води до поинаква одлука на докторката.
Одлука да остане некое време во Блубел и да го открие животот во малиот град, а тоа значи да ги прифати мештаните и да започне да го открива нивниот чуден и поинаков свет во кој ќе мора да се вклопи.
Дани | ТВ Пакет