На 18 мај (недела), Македонската филхармонија ќе биде домаќин на спектакл кој не се пропушта – FOREVER JACKSON, официјалниот трибјут концерт посветен на вечниот Крал на попот, Мајкл Џексон!
Со над 15 уметници на сцена, ова шоу е со неверојатна прецизност во вокалната, визуелната и танцова интерпретација на MJ – од ерата на Thriller, Bad, Dangerous до HIStory и најголемите хитови.
Во главната улога е Robin Parsons, кој повеќе од 10 години настапува низ светот како Мајкл Џексон, со илјадници фанови зад себе и признанија од медиумите како еден од најверните интерпретатори на легендата.
“Forever Jackson” не е само концерт – туку вистинско сценско шоу, со live band, танчери, светлосни ефекти и енергија која ја оживува магијата на Мајкл Џексон пред вашите очи.
Билетите во продажба онлајн на ticketx.mk и низ продажната мрежа на TicketX низ Македонија, по следниве цени:
• 1.200 ден.
• 1.500 ден.
• 1.800 ден.
Дани | ТВ Пакет