Ана и Алберто се новиот телевизиски пар кој ги освои гледачите на квалитетната продукција. Љубителите на сјајот и гламурот на големата модна куќа “Велвет” со задоволство ја следат забранетата романса меѓу кројачката и шармантниот сопственик на Галериите, секој работен ден на Телма.
Паула Ечеварија е 42 годишна шпанска актерка, која стекна слава токму со улогата на Ана во “Велвет”, а приватно беше мажена со познатиот шпански пејач Давид Бустаманте, чија музика ја паметиме од хит серијата “Циганки”, одамна емитувана на А1 телевизија.
Од бракот со пејачот, Паула ја добила ќерката Даниела, но по разводот, таа се впуштила во љубовна врска со шпанскиот фубалер Мигел Торес Гомес со кого и ден денес е во врска.
Мигел е познат фудбалер во Шпанија, кој играл како дефанзивец на Реал Мадрид, Хетафе, Олимпијакос и Малага.
Денес, актерката и фудбалерот се мета на многу папараци кои бурно ги следат сите нивни јавни појавувања.
Иако, двајцата ја планираа свадбата за оваа година, поради кризата со корона вирусот, постојат големи шанси, истата да се случи догодина во Мадрид.
Дани | ТВ Пакет