Бразилскиот актер Маркус Орнељас доживува светска слава последниве години поради учеството во најновите теленовели на Телевиса.
Актерот се пресели во Мексико Сити каде една по друга снима серии за тамошната публика, а ексклузивно преку фреквенцијата на Телма имаме можност да го следиме овој актер и во неговото најново остварување „Ако нè остават”.
Во теленовелата на Телма тој се вљубува во една постара и мажена жена по што следуваат и низа перипетии и забрани за нивната романса.
Приватно е женет со исто така позната актерка со која има и синче.
И покрај тоа што е женет, обожавателките не престануваат да го следат и да му пишуваат на социјалните мрежи, особено кога ќе објави некоја подразголена фотографија.
Со секоја следна таква фотографија, тој продолжува да ги шокира фановите.
Особено впечатливи се фотографиите со неговото синче.
Дани | ТВ Пакет