Македонските гледачи од неодамна имаат можност да плакнат очи на галантниот и сексипилен турски актер Онур Туна, кој ја толкува улогата на бизнисменот Алихан во хит серијата “Забрането јаболко”.
И додека гледачите ја следат неговата романса со слатката Зејнеп, актерот, приватно ги почитува сите препораки на турската влада за заштита од корона вирусот.
Снимањето на неговите серии е стопирано, па затоа Алихан седи дома, изолирано во друштво на неговата мачка.
Во моментов е сингл и живее сам, па единствено друштво и голема љубов му е неговото милениче.
Онур Туна е роден како син на грчки имигранти во Турција, а висок е 1.95.
Завршил економски факултет во Истанбул, а потоа започнал и професионално да се занимава со глума.
Покрај глумата, негово хоби е свирење на гитара, играње одбојка и кошарка.
Има работено како модел четири години, и уште во тие денови, стекнува голема популарност кај женскиот пол.
Неговата висина, очите и шармантната насмевка се негово најголемо обележје.
Дани | ТВ Пакет