Почетна / Сапуници / Фото | Алихан од „Забрането јаболко“ се разголе за летната сезона

Фото | Алихан од „Забрането јаболко“ се разголе за летната сезона

Маркантниот турски актер Онур Туна преку улогата на бизнисменот Алихан во луксузната хит драма “Забрането јаболко” успеа да го привлече вниманието и на македонските гледачки кои ја следат серијата секоја вечер на Канал 5.

Високиот актер секојдневно е мета на воздишки од страна на Македонките кои уживаат во неговата појава и изглед.

И по карантинските денови, актерот реши да прошета крај море и да се одмори, со оглед дека снимањата на новите епизоди од “Јаболкото” ќе почнат доцна во летото.

Турските таблоиди не успеаа да го “фатат” со некоја девојка, па се претпоставува дека Алихан е сам на одмор.

Она што особено предизвика аплауз кај неговите фанови е неговата објава и повик кој го направи за време на почетниве летни денови:

2 јули е мојот роденден, но не очекувам подарок од вас. Во овие тешки денови, ве замолувам 🙏 за донации за кампањата за децата болни од рак. Донациите што ќе ги правите, големи или мали, ќе ме прават многу среќен. Би сакал да ги поддржам нашите деца со карцином и сите заедно да успееме да ги излечиме оние кои не можат да си го дозволат тоа.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!