Почетна / Сапуници / Фото | Џемре од „Суровиот град“ го покажа своето ново момче

Фото | Џемре од „Суровиот град“ го покажа своето ново момче

Сера Кутлубеј е турска актерка која во моментов ја следиме во улогата на добрата сестра Џемре во вечерната серија на Сител, “Суровиот град”.

Родена е на 19 април 1994 година, завршува глума во Истанбул, а вистинска слава добива со улогата на милата Џемре во “Суровиот град”, една од сестрите која ќе го промени животот на семејството Карачај.

Сера секогаш се обидува да научи нешто ново и не може да си го замисли животот без спорт.

Обожува да чита, особено пред спиење. Сера ја сака природата и чистиот воздух, сака цвеќиња, животни, особено мачки, па затоа ја чува нејзината мачка Џулиета.

Слободното време го поминува далеку од градската врева, во природа или активни спортови (возење велосипед, играње кошарка).

Актерката не зборува за својата приваност и врските, но фановите веќе ја открија нејзината нова љубов.

Се работи за Емир Емироглу, новиот дечко на Сера, со кого веќе споделува и фотографии на социјалните мрежи.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!