Омилената драма на возрасната публика – „Борбата на мајката“ во која се истакнува љубовта и пожртвуваноста на мајката кон своите чеда и фактот дека мајката и покрај тешкотиите никогаш не се откажува од своите деца, ја следите секоја вечер на Сител.
Дел од оваа сезона која што се емитува моментално се снимаше и во Србија. Сцените се снимаа во Белград и околу Смедерево.
Извршниот продуцент на серијата истакна дека Белград ги надминал сите очекувања на турскиот телевизиски тим.
Во серијата игра и српската актерка Јелица Ковачевиќ, која истакна дека соработката со продукцијата и турската државна телевизија е фантастична и кохерентна, со оглед на тоа што голем дел од тимот доаѓа од Турција.
Дани | ТВ Пакет