Турскиот актер, кој се стекна со светска слава преку својата улога во хит комедијата „Романтичарот“ бил изневерен од неговата свршеница, италијанската спортска новинарка Дилета Леота. Новинарката неодамна била фатена на дело како се бакнува со познат италијански бизнисмен.
Фотографиите од папараците на италијанската убавица најпрво ги објави магазинот “Oги”. Интимните слики помеѓу Дилета Леота и синот на директорот на италијанската фудбалска екипа Рома – Рајан Фридкин, предизвикаа вистински медиумски скандал во Италија.
После експлозијата, сите ги свртеа погледите кон турскиот актер Џан Јаман, чекајќи ја неговата реакција откако му набија рогови. Но, од романтичарот ни трага ни глас.
Магазинот кој прв ги пласираше интимните сцени меѓу Дилета и Рајан, исто така тврдеше дека од самиот почеток врската помеѓу Дилета Леота и Џан Јаман била само за рекламни цели. Претходно, жешката русокоса и турскиот срцекршач само се смееја на ваквите муабети.
Џан Јаман и Дилета Леота се во љубовна врска од почетокот на 2021 година, а неодамна дури и се верија. Најверојатно, сепак, нивната врска ќе заврши со непријатно разделување по неверството на италијанската новинарка која очигледно не знаеше да го цени Романтичарот, па дури и сакаше да му намести дете.
Затоа, веруваме дека наскоро Џан Јаман повторно ќе биде слободен како птица, како што беше и во неговата успешна комедија “Романтичарот”.
Дани | ТВ Пакет