Најдобрата македонска пејачка и најстилски облечената ѕвезда на македонската естрада повторно заблеска, посилно од било кога. Каролина буквално “растури” !
Со стајлинг подготвен од нејзината долгогодишна соработничка Цаци Паковска, пејачката изгледаше совршено на нејзините последни јавни настапи на Карпошово културно лето во Скопје и на Меѓународниот тамбурашки фестивал во Куманово.
„Мило ми е што се дружиме по долго време. Среќна сум што ве гледам, ајде да се забавуваме“, рече таа пред да ги запее песните од албумите „Македонско девојче“ и „Извор“.
Она што особено изненади беа нејзините постари поп песни, кои целата публика, од најмладо до најстаро, наизуст ги пееше. Зар може некој да ги заборави нејзините поп евергрини ?
Затоа Каролина Гочева е единствена и затоа Каролина Гочева се одржа 30 години на македонското медиумско небо.
Каролина е скромна, Каролина е талентирана, Каролина е ѕвезда во секој поглед.
Реткост е за една македонска јавна личност да изгледа гламурозно и сјајно и тоа од глава до пети.
Веројатно, само на Каролина може да и успее такво нешто. Ѕвезда во секој поглед.
Дани | ТВ Пакет