Почетна / Телевизија / Твоето лице звучи познато / Ќеба како Северина, Кнез како Зорица Брунцлиќ во „ТЛЗП“

Ќеба како Северина, Кнез како Зорица Брунцлиќ во „ТЛЗП“

Во недела (6 октомври) во 21 часот на Сител започнува новата, петта сезона од регионалното забавно шоу “Твоето лице звучи познато”. По првите впечатоци од снимањето на првата емисија на шоуто на најпознатите ѕвезди, може да се забележи дека нѐ очекува вистинска забава, смеа, но и солзи.

Кој кого ќе имитира во првата епизода? Откриваме дека Ќеба ќе се најде во улога на негоата снаа Северина, а Кнез и физички и вокално ќе проба да ја долови Зорица Брунцлиќ. Алекса Јелиќ ќе ја имитира Весна Змијанац, а Ана Кокиќ повторно во улогата на Пинк, пејачката која ѝ ја донесе победата во минатото издание на шоуто.

Како ќе изгледа Ивана Петерс во кожата на Лејди Гага, а како Жељко Шашиќ ќе го долови кралот на фолкот Шаулиќ, гледаме ексклузивно во недела на Сител.

Младите балкански пејачки Едита и Катарина Богичевиќ на сцената на ТЛЗП ќе се појават како една евровизиска пејачка и како Мадона, а македонскиот учесник Даниел Кајмакоски во добро позната улога, веќе испробана. Овојпат, тој е повторно Мајкл Џексон.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каролина ѝ даде 12 поени на Тијана – ова се финалистите на ТЛЗП

  Со имитација на Пинк, нашата Тијана се пласираше во финале   Енергичната Тијана Дапчевиќ …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!