Роден е 1991 година во Лондон, а за македонската публика моментално е актуелен по летната хит серија “Итна служба 911” која ја следиме секоја ноќ околу полноќ само на Сител телевизија.
Оливер Старк е актерот кој несомено привлекува најголемо внимание во серијата, особено затоа што се работи за млад и сексипилен актер кој во голем број од сцените го гледате во провокативно издание.
Но, сепак, тоа е само дел од неговата улога во серијата каде го толкува пожарникарот Бак кој секојдневно излегува во пресрет на итната служба.
Многу итни повици, многу акции за младиот пожарникар, но и многу ризички ситуации во кои допрва ќе се најде.
Гледајте ја американската возбудлива акција на итната служба на 9-1-1 на Сител и засладете ги вашите погледи со заводливиот Бак.
Дани | ТВ Пакет