Познатата македонска водителка и инфлуенсерка ги продолжува летните одмори во Охрид. По Грција и Турција, Лила реши да одмори и во нашиот Охрид. Овојпат во друштво на синот Филип Филиповски, за што на една фотографија ќе каже дека ѝ било рано да стане свекрва.
Лила е една од најактивните на социјалните мрежи, која покрај свои лични моменти, објавува и фотографии на кои рекламира одредени брендови за гардероба, козметика и накит.
По одморите, продолжува со снимање на новата сезона од “Сѐ или нешто” кое треба да започне кон средината на септември на Сител телевизија.
Дани | ТВ Пакет