Сигурно се сеќавате на преубавата колумбиска теленовела “Скриени страсти”, емитувана пред 15-тина години на А1 телевизија.
Селската идила, галантните браќа и згодните сестри ги освоија гледачите не само во Македонија, туку секаде низ светот каде со голем успех се емитуваше оваа топла романтична драма.
Хуан и Норма беа главните ликови, чии улоги во “Pasión de Gavilanes” им ги отворија портите кон славата. Во серијата, Хуан и Норма добија преслатко синче кое се викаше Хуан Давид.
Но, она што е интересно е што ретко кој во тоа време можеше да забележи дека машкото бебе на Хуан и Норма е всушност … девојче.
Па така, години потоа, бебето “Хуан Давид” пoрасна во прекрасна девојка.
Девојката која беше бебето во серијата се вика Валерија Гарсија, денес има 17 години и не се занимава со глума.
Дани | ТВ Пакет