Почетна / Сапуници / Фото | Неочекуван шок во „За семејството“ – умре главниот лик

Фото | Неочекуван шок во „За семејството“ – умре главниот лик

Голема трагедија во хит драмата на Канал 5. Умре главниот лик од “За семејството”.

Таткото на девојката на Кадир е причина за смртта на неговите двајца родители и тој факт беше голем шок за младиот јунак. По откритието и кавгата, во целиот хаос и брканица, Кадир доживеа страшна сообраќајна несреќа и умре во болницата.

Умре еден од ангелите. Умре оној што го држеше семејството заедно и во среќа и тага, и во радост и мака. Умре омилениот на гледачките, умре херојот за гледачите.

Другите сирачиња остануваат сами, без заштита и поткрепа од оној кој беше и татко и мајка за младите ангели. Плач, лелеци и вресоци во најновата и најпотресна епизода досега.

А веќе во следните епизоди, дознајте дали скриената вистина конечно ќе излезе на виделина и дали негативците конечно ќе го добијат заслужениот крај. “За семејството”, од понеделник до петок на Канал 5.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

error: Содржината е заштитена!