Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Фото | Ова е готвачот што ќе го замени Марк во „Брза кујна”

Фото | Ова е готвачот што ќе го замени Марк во „Брза кујна”

Со почетокот на октомври на малите екрани се враќа популарното кулинарско шоу “Брза кујна” со нова, осма сезона. Терминот е добро познат, 16 часот и 50 минути, а водителката и овојпат е Сања Савеска која нè дружи последните неколку сезони.

Новина од оваа сезона е тоа што омилениот шеф Марк добива замена. Од оваа сезона на местото на Марк ќе биде шеф Бобан Симоновски кој ќе го предводи тимот на пиперките и со своите кулинарски вештини ќе му се спротистави на шеф Никола Мишковски од тимот на доматите.

Готвачите заедно со водителката секој работен ден ќе го направат уште позабавен и поинтересен, а ќе понудат и многу нови и интересни рецепти кои ќе треба да ги подготват од само 6 намирници и тоа за само 20 минути.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова сезона од фолк емисијата „На здравје“ секоја недела на Алфа

Четвртта сезона од музичката фолк емисија “На здравје” на Алфа телевизија. Секоја недела од 16.15 …

error: Содржината е заштитена!