Во селото Извор, Велешко во општина Чашка започна да се снима новата сезона на Македонски народни приказни. Овие приказни беа најпопуларни во деведесетите во кои Шенка и Ѓорги Колозови ги имаа водечките улоги.
Од 2009 година, А1 телевизија реши да ги обнови и започна со снимање на нови народни приказни, кои за жал, никогаш не успеаа да ја достигнат гледаноста на оние првите и автентичните. Примерот на А1 го следеа Канал 5, па Сител, МТВ 1, па локалните телевизии… кои до ден денес ги емитуваат новите народни приказни.
Па така, наскоро со емитување ќе ги гледате најновите приказни, кои започнаа со снимање овие денови.
Дани | ТВ Пакет