Во Македонија, секоја година во претпоследната недела на месец ноември се одбележува ‘’Неделата на грижа на стари лица’’. По тој повод, ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина ‘’13 Ноември’’- Скопје денес имаше чест да ги пречека првата дама на државата, г-ѓа Елизабета Георгиевска и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, г-нот Александар Наумовски.
Во текот на посетата, првата дама и градоначалникот се запознаа со вработените во установата, поминаа неколку мигови со нивните пациенти и преку симболични подароци им порачаа дека не се заборавени и дека грижата и сочувството за старите лица е обврска на сите нас.
Особено значајни беа вредните донации кои болницата ги доби, во чест на Неделата на грижа за стари лица од голем број хумани и општествено одговорни компании меѓу кои и Алкалоид АД, Lohmann&Rauscher, фурна Диме како и од самата Општина Ѓорче Петров.
Им благодариме на нашите гости за одвоеното време и укажаното внимание. Се надеваме дека овие хумани настани ќе продолжат и во иднина како одлична можност да им оддадеме признание на старите лица за нивниот придонес во општеството. И да не заборавиме, постарите генерации се причина што сме сите ние тука – соопштуваат од Болницата.