Почетна / Сапуници / Фото | Ривалки во серијата, а најдобри пријателки зад камерите

Фото | Ривалки во серијата, а најдобри пријателки зад камерите

Турската гламурозна серија “Забрането јаболко” ги привлекува македонските гледачи особено поради луксузот и брендираните стајлинзи кои ги промовираат актерите во серијата.

Многумина посакуваат да се чувствуваат бар еден ден богато во својот живот како Алихан, Халит, Зехра, а особено како опасната Ендер и амбицизоната Јилдиз, хероините во оваа приказна.

Шевал Сам е 46 годишна турска актерка и пејачка, која стана особено позната по улогата на богаташката Ендер во “Забрането јаболко”, која се емитува секоја вечер на Канал 5.

Актерката е родена во музичко семејство, па затоа и тргнала по стапките на нејзините. Но, глумата била нејзината голема страст, па така започнала да настапува во турски серии.

Нејзиниот лик Ендер како фам фатал е идол на многу девојки и жени кои ја следат новелата и токму тој восхит се однесува поради остроумноста и ексцентричноста кои со себе ги носи Ендер.

Од друга страна, ја следиме и судбината на амбициозната Јилдиз, која влегува во светот на богатите и славните, мажејќи се со бившиот сопруг на Ендер.

И додека во серијата, двете се смртни непријателки, зад камерите е сосема поинаку.

Шевал (Ендер) и Еда (Јилдиз) се најголеми пријателки кога ќе се исклучат рефлекторите.

Па, така, заедно може да се видат на многу евенти во Истанбул, каде и приватно не изостанува нивниот богат стил на живот и облекување.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!