За Кенан Имирзалиоглу, ѕвездата од сериите „Езел“ и „Карадај“, и неговата сакана Синем Кобал ова е посебно лето затоа што ќе го поминат со новородената ќерка Лалин. Посветените родители, загрижени за здравјето одлучија да летуваат на Егејот во приватна вила иако првичниот план беше летување во Мармарис.
Кенан и Синем ја сменија рутата и наместо во Селимије, Мармарис кое е познато монденско одморалиште, се одлучија да имаат поинаков одмор ова лето. Славната двојка, чиј среќен брак беше крунисан со раѓањето на нивната ќерка, во октомври 2020 година, презеде мерки на претпазливост за на Лалин да и биде удобно и да бидат заштитени од коронавирусот.
За потполна сигурност на својата ќерка и сопруга, Кенан изнајми вила во напуштен залив на Егејот. Иако имаше големо покачување на цените на вилите на Егејот заради пандемијата и месечната цена за изнајмување на луксузни изолирани вили во просек изнесува 250.000 турски лири славниот актер не штедеше, а со оглед на успешноста не неговите серии може да си го дозволи луксузното летување.
Синем Кобал сподели уникатни фотографии од примамливото море на својот Инстаграм профил.
Парот ова лето ќе го помине изолирано во својата изнајмена вила на Егејот, а ние ќе уживаме гледајќи го Кенан во улогата на неодоливиот Махир Карадај на каналот Dizi Macedonia секој ден од 21.20 часот. Серијата премиерно се емитуваше на Сител пред неколку години, а сега неколку пати репризно на Dizi.
Дани | ТВ Пакет