25 ноември 2010 година, упад во А1 телевизија. 8 години подоцна, новинарите сведочат за црните денови на телевизијата се до моментот кога згасна најголемиот медиум во историјата на Македонија. Со солзи во очите и траума во срцата, новинарите се сеќаваат на моментите на упадот и демолирањето кое следуваше потоа.
Сите пораснавме со А1 телевизија. Официјалните бројки на гледаност говорат дека никој не може до ден денес да го достигне рејтингот на А1 и довербата која ја доби од гледачите во текот на своето постоење.
Сите ги гледаа Вестите во 19 часот, сите уживаа во Милионерот, Бело глувче и К15, а се информираа со Чуму и Рано ден. Ги слушавме потресните стории на Бисери и Кочишки, за прв пат ги запознавме големите цртани херои како Дигимон и Покемон, а со Домаќинките, Изгубени и ЦСИ застанавме рамо до рамо со гледачите низ светот. Големиот брат, Операција Триумф и Срвајвер ја заскокоткаа скриената желба да навлеземе во реалните шоуа, а за прв пат бевме сведоци на најголемото македонско шоу Македoнски Идол.
Најголемите филмски блокбастери ги емитуваше токму А1 телевизија, а најголемите телевизиски феномени како 1001 Ноќ, Кога лисјата паѓаат, Млади бунтовници, Дивиот ангел и Клон беа приказните кои веројатно никогаш нема да се повторат во друг формат на било кој друг медиум.
А1 телевизија останува запаметена по многу убави работи, но за жал и по сензационалното затворање. Што денес остана од А1 телевизија? Од фотографиите кои се објавени од Менче Атанасова Точи, може да ја видите руината во која се наоѓаат просториите на некогаш најгледаната македонска телевизија. Срушени плафони, урнати ѕидови, прашина, градежен шут, сивило, темнило, слика на вистинскатата трагедија што се случи со А1.
Дани | ТВ Пакет