Турскиот актер Бугра Ѓулсоу е актуелен со улогата на таткото во турската хит серија “Мојата ќерка”, која со големо внимание ја следат гледачите на ТВ Сител секоја вечер во 19.45 часот.
Интересна информација за овој шармантен актер е што за потребите на една историска театарска претстава прифатил да одглуми бакнеж со друг маж.
Фотографијата од контроверзниот бакнеж пред неколку години ја пренесоа сите турски медиуми, имаше и негативни коментари, но сепак малкумина беа оние кои се посомневаа во неговата сексуална ориентација со оглед на тоа дека Бугра веќе го искусува вториот брак во неговиот живот.
За негативните коментари актерот во една кратка изјава рече: „Како професионален актер моја работа е да го одглумам она што го пишува во сценариото на улогата што сам сум ја прифатил“.
Инаку покрај “Мојата ќерка”, тој е познат и по водечките улоги во сериите “Браќата”, “Фатмаѓул”, “Заборави ако можеш”, “Љубов” и “Осмиот ден”.
Дани | ТВ Пакет