Шармантниот актер Мурат Јилдирим, кој на македонската публика ѝ е познат како Саваш од “Љубов и Казна” на својот профил на социјалните мрежи ја сподели радоста за првиот роденден на неговата ќерка. Срдечната објава привлече широко внимание од неговите обожаватели.
Мурат ја изрази својата среќа објавувајќи семејна фотографија и напиша: „Денес нашата Мирај наполни една година. Среќен роденден, наше мало ангелче. Сите години да ти бидат здрави и среќни“.
Мурат e веќе осум години среќно оженет со преубавата мароканска актерка Иман Елбани, со која во минатото на екранот дури беа и колеги. Оваа прекрасна двојка им е омилена на многу љубители на турските серии и сите беа радосни кога тие станаа родители за првпат и на светот ја донесоа својата ќерка Мирај.
Нивната љубовна приказна е исто толку романтична и магична како и онаа на Селин и Картал од серијата на Канал 5 – Мирисот на љубовта. Во „Мирисот на љубовта“, животот на убавата Селин која живее и работи во парфимерија во Франција засекогаш се менува кога го запознава Картал, кој е на службен пат од Турција.
Лудо вљубувајќи се, парот поминува неколку прекрасни денови заедно, но тој евентуално мора да се врати во Истанбул, иако и ветува дека ќе се врати. Но, она што Селин не го знае е дека тој чува една огромна тајна од неа.
По Љубов и казна, актерот го следевме во улогите на Демир во Аси, како и во сериите Тишина, Мирисот на љубовта, Бура…
Обожавателите на љубовната приказна на Селин и Картал можат да ја гледаат серијата „Мирисот на љубовта“ секој ден од 18:20 часот на Dizi.
Дани | ТВ Пакет