Чаглар Ертугрул, за кого пишувавме, со улогата на Јагиз, богатиот бизнисмен со ледено срце во серијата “Ќерките на Фазилет” успеа да привлече огромна фан база во сите земји каде се емитуваше серијата.
Многу од девојките го одбраа бунтовниот и сексипилен Синан, но подеднакво толку го сакаат и Јагиз.
Па така, додека Јагиз се сликаше во неговиот омилен турски ресторан, една обожавателка го праша : Дали може да те имам јас тебе за ручек?
Чудни и интересни понуди добиваат познатите, па така и овој атрактивен актер.
Во следните епизоди од хит серијата на Сител, следиме нови заплети во љубовниот триаголник меѓу браќата и Хазан, а од друга страна на чекор сме до големиот пресврт што ќе ги промени животите на Фазилет, нејзините ќерки и целото семејство Егеменови.
Не пропуштајте ги шокантните епизоди од “Ќерките на Фазилет” секоја вечер на Сител, веднаш по “Далеку од дома” и бидете подготвени за она што никој не ни замислува дека може да се случи.
Дани | ТВ Пакет