Почетна / Сапуници / Фото | Запознајте ја главната актерка од „Рудници на страста” на Телма

Фото | Запознајте ја главната актерка од „Рудници на страста” на Телма

Ливија Брито е кубанска актерка, позната по улогата на италијанската невеста во теленовелата Пепелашка (локални тв станици), како и улогите во Амбис на љубовта (Алфа) и во Триумф на љубовта (Сител).

Моментално е актуелна со главната улога во Рудници на страста, новата серија на Телма телевизија која ја следите од понеделник до петок во 13.45 часот.

За да не ја “малтретира” косата за време на снимањата на теленовелата, актерката признала дека користела перики во двете фази на ликот што го толкува.

Одлично си поминала на снимањата и дружбата и соработката со актерскиот тим засекогаш ќе ги памети.

Приватно, чува седум кучиња, а она за кое често знае да зборува е политичката состојба во нејзината родна Куба.

„Јас не се занимавам со политика, но Куба и Венецуела се земји кои живеат низ социјализмот долги години. Тоа не е нешто што функционира, тоа е нешто утопично, немојте да бидете под влијание, навистина одете и гласајте за да промените. Нека станат и овие капиталистички земји каде што секој успева со своите напори” – кажува 38 годишната актерка.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!