“Ќерката на амбасадорот”, од понеделник до петок на Канал 5. Серија за една љубов, чија големина ќе зависи од строгите начела на традицијата и општествените разлики.
Во хит серијата “Ќерката на амбасадорот”, гледачите се и ќе бидат сведоци на обидите на ќерката на амбасадорот, убавата Наре (Неслихан Атагул Догулу) и младиот Санџар (Енгин Акјурек) да најдат сила во себе за конечно, по долгогодишно разделување, да ги надминат животните околности и да си го најдат патот до заедничката среќа.
Нивната младешка љубов нагло беше прекината, но остави нераскинлива трага – убавото девојче Мелек, чиј лик го толкува младата, но исклучително талентирана турска актерка Берен Генчалп.
Берен е родена на 29.09.2009 година во Истанбул.
Иако има само 11 години, може да се пофали со завидна актерска кариера и со симпатиите на публиката што не успева да ја остави рамнодушна.
Берен на својот Инстаграм профил често знае да сподели со своите следбеници фотографии од снимањето на оваа нова серија, но и интересни факти од секојдневниот живот.
Посебно внимание на публиката предизвикаа фотографиите со колешката од сетот, Неслихан Атагул која ја толкува улогата на нејзината мајка Наре, ќерката на амбасадорот.
Дани | ТВ Пакет