Хит серија за хит лето. Од понеделник до петок на телевизија Сител ќе се емитува грчката драма “Бруско”, со која ќе уживате во една безвременска љубовна врска.
Љубовта на младата Мелина и згодниот Ахил е нишката на оваа новела, во која тајните на две фамилии ќе ги разбрануваат случувањата денес.
Мелина e едноставна и модерна девојка, израсната во големи метрополи како Атина и Париз. Верена е за Сифи, но вечерта на нејзината моминска забава, го запознава Ахил кој ја чести чаша сортно вино ‘бруско’.
Бруското ќе ги промени животите на младата Гркинка и убавиот Грк, па опиени од вино, двајцата ќе ја доживеат најстрастната ноќ во нивните животи.
За Мелина следува венчавката со Сифи и влегување како невеста во семејството на Сифи. Но, судбината повторно ја спојува со непознатиот заводник со кого ја помина моминската ноќ. Семејството на Ахил започнува бизнис со семејството на Сифи, а повторната средба на Мелина и Ахил ќе ја врати првичната страст и ќе ја разбуди големата љубов.
Семејството на Ахил не смее да дознае за оваа романса, а не смее да дознае ни семејството на Мелина и Сифи. Затоа младите љубовници ќе бидат приморани да побегнат подалеку од сите, како би ја оствариле својата љубов.
Eлена Ваитсу е актерката која ја толкува улогата на Мелина.
Црнокосата грчка актерка станала славна токму со улогата во оваа медитерантска приказна, а патот до славата го започнала од селските плевни, каде била родена и израсната.
Дани | ТВ Пакет