Бурак Хаки е познат турски актер, кој го следиме во улогата на Онур, таткото на Мемо и Џан во турската семејна комедија “Близнаци” на Сител.
Поради вонредната ситуација со корона вирусот, актерот избегал на својата фарма во Чанакале заедно со синчето. Таму се сместени во селската куќа на неговата мајка и уживаат во селскиот идиличен живот.
Од таму, актерот упати критика до оние кои не ја сфатија сериозно епидемијата:
„Луѓето се шегуваат уште. Позната ни е ситуацијата на Италија, немаме ниту болници до макар 10 проценти од тоа што го има Италија, како би издржале. Не можам да размислувам за еден месец подоцна.“
Дани | ТВ Пакет