Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи по завршување на епохалниот блокбастер на Сител телевизија. Грандиозната телевизиска драма “Далеку од дома” постави нови стандарди во телевизискиот етер, но и ги растревожи македонските гледачи кои со задоволство ја следеа приказната за љубовта и пожртвуваноста кон татковината.
Една од најзаслужните за големиот успех на серијата во Македонија е и македонската актерка Јелена Жугиќ, која го позајмуваше гласот за главната јунакиња Азизе. По одлично завршената работа, споделеното сочувство и искрените солзи кои не ги криеше за време на надсинхронизацијата, Јелена се обрати и на социјалните мрежи :
Инаку оваа актерка е една од најдобрите кога се работи за синхронизација на турските серии. Запаметени ќе останат токму нејзините надсинхронизации на турската актерка Берѓузар Корел, позната како Шехерезад од “1001 ноќ”, Фераје од “Мојата тажна песна”, Фериде од “Карадај”, и сега Азизе од “Далеку од дома”.
Дани | ТВ Пакет