Почетна / Вебновела / Оган во Срцето|Fuego en el Corazón епизода 3

Оган во Срцето|Fuego en el Corazón епизода 3

 

Роса Клара и се извини на Макарија, па излезе од собата заедно со собарката која дојде да го навести присуството на нејзиниот вереник.

Макарија нагло пребледе, па погледна во дадилката на госпоѓицата и ја праша;

–          Кој е Еверардо Фалкон, госпоице Филомена?

–          Вереникот на госпоѓица Роса Клара, девојче. Наскоро ќе прават голема свадба.

 

Роса Клара залетано слезе по скалите. Вадо ја чекаше во холот, а таа го пречека со широка насмевка на лицето.

–          Љубов моја, не знае дека ќе дојдеш денес.

–          Тука сум да зборувам со татко ти, Роса Клара. Дојдов да го прецизираме денот на нашата венчавка.

–          Не знаеш колку ме прават среќна твоите зборови, љубов моја. Но, татко не е тука во моментов. Можам да му се јавам и да договириме за ручек. Во меѓувреме можеш да ја запознаеш девојката која ја најдовме утрово со Фило кај мочуриштето. Кутрата, нема каде да оди и…

–          Немам време за да сожалувам несреќни случаеви, мила. Те молам, јави му се на татко ти и ажи му дека го чекам да зборувам со него!

Роса Клара се повлече во салонот каде што беше единствното место со телефон во куќата. Еверардо остана сам и погледна наоколу. Таа грандизона вила со најскап мебел, со кристални лустери и мермерни подови можеше многу лесно да биде негова – помисли. Во еден момент слушна чекори зад себе и кога се заврте ја забележа собарката како му приоѓа.

–          Значи, сепак е сериозен односот кој го имаш со госпоѓица Роса Клара?

–          Мистика, те молам, не е ни време ни место за твоите љубоморни испади сега…

–          За тебе никогаш не е ни време ни место, Вадо! Ми вети дека ме љубиш, дека сакаш да бидеш само со мене…

–          Целиот живот е пред нас. Имам планови за двајцата. Но претхдно, морам да ги исполнам своите амбиции.

–          Кои се твоите амбиции?,-  го праша собарката.

–          Да се оженам со Роса Клара Рентеира и да станам наследник на се што поседува Мелчор Рентеира!

–          Тоа е невозможно, – цинично рече Мистика.

–          Секако дека е возможно. Од доверливи извори знам дека Мелчор Рентеира своето наследство комплетно го има оставено на својата сакана ќеркичка Роса Клара. Кога Роса Клара ќе биде моја жена, се што поседува ќе биде мое! Рудникот, имотите, топилницата, оваа куќа…Никогаш повторно нема да мораш да работиш како слугинка, моја Мистика.

Вадо не беше свесен дека на врвот од скалите стои Макарија. Желна да дознае дали станува збор за истиот човек кој и го загорчи животот, Макарија сакаше да го види ликот на вереникот на добрата госпоѓица. Не само што беше тој, туку истиот коваше заговор да загорчи и друг живот.

 

Тивка приквечерина владееше околу вилата Ла Дорада. Мелчор влезе во својата работна соба и запали една од кубанските пури. Длабоко се издиша. Неговата единствена ќерка беше решена да се мажи против негова волја за човек кој не го одобруваше за неа. Во тие моменти најмногу му недостасуваше сопругата Аманда, која веќе петнаесет години не беше со него.

Слушна тивко, одвај чујно торпање на вратата. Даде дозвола за влез и пред него се појави една кротка девојка со крупни очи и долга црна коса.

–          Извинете, господине Мелчор. Моето име е Макарија Ромеро…

–          Секако, влези девојко. Влези и затвори ја вратата зад себе. Мојата ќерка ми зборуваше за тебе. Сакам да знаеш дека можеш да останеш во оваа куќа колку што е потребно. Пријателите на мојата Росита се и мои прјатели.

–          Ви благодарам господине Мелчор. Дојдов бидејки морам да зборувам со вас. Знаете, јас сум израсната во манастир. Останата сирак како бебе, ме израснаа чесните сестри во манастирот Санто Доминго. Пред неколку месеци дознав дека Надзорничката на местото ги продава своите ученички за пари на една госпоѓа која држи бордел во градот. Мојата судбина беше продадена за неколку стотици пезоси. Ме одведоа од манастирот и ме присилија да ги задоволувам мажите во локалот за пари.

Додека говореше, очите на Макарија се полнеа со солзи. Дон Мелчор со стегнато срце ја слушаше тешката судбина на девојката.

–          Во борделот запознав еден човек кој навидум беше вистински господин. Неискусна и наивна, ја предадов својата судбина во неговите раце гледајки на него како спасител кој може да ме спаси од тоа место. Скоро потоа дознав дека очекувам дете. Кога сопственичката на местото дозна за мојата состојба, го извести таткото на детето кое го очекував и додедоа една врачарка која направи да го загубам плодот.

–          Кутрото девојче, – воздивна Мелчор.

–          Откако сфатив колку голема болка ми нанесе тој човек, побегнав од борделот. И тогаш ме најде вашата ќерка. Ова не би ви го кажала ако госпоѓица Роса Клара не беше ангел, господине. Претпладнево, го слушнав вереникот на вашата ќерка како во договор со една слугинка кова план да ја ожени вашата ќерка само да го добие вашето комплетно наследство. Тој човек, вереникот на вашата ќерка е човекот кој ме сотави бремена и присилно ме абортираше. Еверардо Вадо Фалкон!

 

Мелчор Рентеира како изгорен од оган изрипа од својата фотеља откако ја чу приазната на Макарија.  Потрча кон собата на својата ќерка. Движењето по вилата му се виде вечно. Но, сега кога имаше докази за валканите намери на човекот кој сакаше да ја ожени неговата единица, беше решен да стави крај еднаш за секогаш. Но, во собата на Роса Клара наиде отворени прозорци, празни плакари и едно писмо за него оставено на тоалетната масичка.

–          Татко, знам дека никогаш нема да го прифатиш Вадо како мој избраник. Затоа решив да побегнам и да бидам со човекот кој го скам, човекот од кој чекам дете. Да, татко, ќе станеш дедо. Твојата ќерка

Горчливи солзи лизгаа по лицето на Мелчор додека го читаше писмото на Роса Клара. Грчевито падна на подот оплакувајки ја ќеркината судбина на сиот глас.

 

Роса Клара и Еверардо Фалкон се венчаа три дена по нејзиното бегство од вилата во гратската општина пред матичар и неколку сведоци.  Мелчор дозна за тајната венчавка но гордоста не му дозволи да ја побара својата ќерка.

 

Седум месеци подоцна

 

Вадо Фалкон го чекаше овој ден со месеци. Ако се одеше според планот, за кратко ќе биде новиот сопственик на рудникот за злато. Ја изгасна цигарата по пепелникот и ја подигна телефонската слушалка.

–          Растрепо, Вадо овде. Дали оди се според планот? Одлично! 70 експлозивни материјали се поставени ноќеска во рудникот за злато. По овој ден, големиот Мелчор Рентеира ќе гние на доживотна робија! Ќе биде обвинет за смртта на над сто рудари! Веднаш доаѓам.

Вадо ја спушти слушалката и спремен  да излезе ја забележа својата сопруга Роса Клара како стои крај вратата.

–          Ти си монструм!, – извика на сиот глас. – Како можев да бидам толку слепа? Како можев да се омажам за човек како тебе? Татко беше во право! Сето ова време. Само сакаш да го тргнеш од рудникот за ти да владееш со империјата!

–          Немам време за твоите патетики, драга, – и рече цинично игнорирајки ја и упатувајки се кон излезната врата.

–          Ова не завршува тука, Вадо! Ти се колнам дека ќе платиш за се!

Наместо одговор, Вадо и замавна силна шлаканица, која ја собори на земја трудницата.

–          Овде, јас сум оној кој ги носи правилата!, – низ заби процеди тој и ја напушти куќата.

Роса Клара се обидуваше грчевито да стане но не и успеваше. Почна да доживува силни болки во стомакот кој стануваа неиздржливи. Ползејки дојде до телефонот и го заврте бројот од вилата.

 

Веднаш штом слушна дека ќерка му се пораѓа, Мелчор  ги зеде клучевите од автомобилот и се упати кон куќата на Вадо. Одеднаш по пат забележа висок чад и оган како доаѓа од десната страна на патот каде то беше лоциран рудникот за злато. Но немаше време да застане, и беше потребен многу повеќе на Роса Клара.

 

Кога дојде до куќата, Роса Клара истоштено лежеше на подот покрај бирото со телефонот. Во рацете држеше новороденче кое самата успеа со болки да го истура од својата утроба, беше слаба и бледа. Блага насмевка се развлече по нејзиното убаво лице кога го виде татко си пред себе.

–          Тато!

–          Ќерко…Роса Клара…

Таа ја подаваше својата лева рака контатко си додека со десната го држеше новороденчето силно до градите. Направи сила и го одвое детето од своите прегратки подавајки го кон нејзиниот татко.

–          Земи ја татко. Носи ја! Одведи ја далеку одовде! Јас нема да живеам уште долго…

–          Не! Не заборувај така, Росита…повикав помош, амбулантната кола ќе дојде во секој миг.

–          Бешево право. Еверардо е зол човек. Поставил експлозив во рудникот. Сака да те обвини тебе за смртта на рударите. Спаси ја…Спаси ја мојата ќерка од злата чуд на тој човек! Мојата ќерка не смее да знае за неговото постоење. Вети ми го тоа, татко. Вети ми.

–          Ти се колнам ќерко. Ти се колнам.

–          Одведи ја далеку каде што Вадо никогаш нема да дознае дека сум родила ќерка, татко. Јулиса..Ќе се вика Јулиса, – со последни сили изговори младата мајка пред да го испушти послдениот здив од животот.

 

Три месеци подоцна, Макарија Ромеро се пресели во малиот град Малиналко, со мало дете во рацете подготвена за нов живот. Мелчор Рентеира и даде доволно пари за да започне нов живот. Со тие пари можеше да купи нова куќа и да ја школува неговата внука.

Откако ги потпиша тапиите за куќата која ја купи од една стара госпоѓа, Макарија со насмевка погледна во малото девојче кое ја гледаше со своите широки зеници па рече;

–          Од денес, ова е нашиот дом Јулиса. Оваа голема куа ќе ја претворам во пансион за незаштитени жени каква што бев јас пред да го запознаам твојот дедо. Пансионот ќе го наречам „Ла Голондрина“ – Ластовица.

Макарија го остави девојчето во лулката и посегна по чаша вода кога на масата ги забележа последните гратски новини. На насловната страна стоеше натпис;

–          “Мелчор Рентеира е осуден на 20 години затвор поради вина за експлозиијата во рудникот за злато и смртта на над 30 вработени рудари. Неговото место како претседател на компанијата ќе го заземе сопругот на неговата покојна ќерка Еверардо Вадо Фалкон”.

Ваквиот натпис предизвика немир и гнев кај Макарија. Се сети на последните зборови на Мелчор кога и ја предаде неговата новородена внука.

–          Одведи ја одовде, Макарија. Одгледај ја како своја ќерка. Никогаш не и кажувај кој и е татко. Јулиса не смее да дознае за постоењето на тој ѓавол.“

 

 

Продолжува

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!