Почетна / Забава / Funk Shui станаа новите ексклузивци на Авалон Продукција

Funk Shui станаа новите ексклузивци на Авалон Продукција

 

Авалон продукција започнува соработка со бендот FUNK SHUI

 

 

 

FUNK SHUI е скопски бенд кој комбинира повеќе различни ритмови и алтернативни инструментални музички жанрови. Создаден е пред 7 години во длабочините на МКЦ, а комплетиран од тројца музичари кои создаваат своја лична авторска музика преку долги импровизирачки сесии. Истата година, FUNK SHUI за прв пат своите дела ги наснимува во вид на четири демо песни под наслов „Got Funk?!“.

На почетокот во FUNK SHUI членуваат Лука Ѓоргиевски (вокал и гитара), Давид Николовски (тапани) и Стефан Стојанов (бас гитара), а подоцна на негово место се приклучува Михаил Намичев. 

Досега, бендот има издадено два албума- „Етер“ во 2012 година и „R.E.M“ во 2015 година. Во периодот помеѓу двата албума, бендот го издава синглот со наслов „Огледала“, кој подоцна се наоѓа на вториот албум. По издавањето на вториот албум FUNK SHUI ја снимаат песната „Архетип“, која добива и свој видео запис. Овој сингл е најсофистицираното и најсозреано дело на бендот. 

Во изминатите години FUNK SHUI имаат настапувано на многубројни музички фестивали во Македонија.

 

 

Моментално овие момци работат на сингл што ќе се најде на новиот студиски албум, кој во план е да излезе во текот на 2018-та година, во издание на Авалон Продукција.

Оваа соработка е во рамките на јубилејот- 25 години од постоењето на Авалон Продукција како најголем музички бренд во Македонија и на Балканот, се` со цел за да им дадеме и поддршка на македонските музички артисти.

Во периодот што следува, Авалон Продукција ќе биде извршен продуцент, односно издавач, промотер и букинг-агент на FUNK SHUI.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!