Од понеделник репризи на МТВ
Оваа сезона, Македонската телевизија емитуваше по две премиерни серии секоја вечер, нешто од американска, нешто од британска, нешто од скандинавска продукција. Истава сезона ХРТ емитуваше “Homeland”, “House of cards” и “Game of thrones” и во текот на денот на двете програми на ХТВ се емитуваат околу десетина серии од различни жанрови. Нешто, што во моментов не е случај со нашата државна телевизија.
Веќе една недела, МТВ не емитува никакви премиерни серии. Па така, од понеделник започнуваат со прикажување на веќе емитувани серии. Прва во редот е “Белата кралица”, која ќе се емитува во 22:10 часот, од понеделник до петок.
Во продолжение ве потсетуваме на содржината на “Белата кралица”.
Дејството се одвива во Англија, 15 век. Постојана борба за круната помеѓу Династијата Јорк и Династијата Ланкастер. Борба за превласт, превирања, моќ.. но, и голема љубов. Елизабета е амбициозна жена со исклучителна убавина, која, уживајќи во љубовта со ново крунисаниот млад крал, Едвард Четврти, се мажи и станува негова кралица. Безгранична, чиста и искрена љубов, посилна од се. Но кралот Едвард IV треба да избира меѓу љубовта и лојалноста. Дали земјата поделена од војна ќе биде уништена од една љубоморна жена којашто многумина ја сметаат за вештерка, останува да видиме од новата серија за англиската кралица.