Официјално е објавено дека до последната епизода од култната тинејџерска серија „Gossip Girl“ не делат уште само 11 епизоди. Низ шест сезони гледавме како нашите омилени ликови созреваат и се менуваат како личности, но се менуваа и кога е во прашање модата.
Со оглед на тоа од колку значајни семејства потекнуваат главните ликови во „Gossip Girl“, брендираната облека е неизбежен дел од оваа приказна. Во текот на епизодите невозможно е да не се забележат перфектните комбинации на Блер Волдорф и елегантноста на машката модна икона Чак Бас. Во следните фотографии се издвоени најдобрите аутфити на ликовите од „Gossip Girl“.
{gallery}102012/gossip_girl{/gallery}
Крис Манев | ТВ Пакет