23 годишната Сила Туркоглу објави дека ја напушта серијата “Аманет” во која ја толкува главната улога, на нежната и мила Сехер.
После оваа одлука на актерката настанала криза и започнале препукувања помеѓу неа и продукцијата. Актерката ги обвинува дека ѝ вршеле мобинг, а продукцијата обвинува дека актерката не доаѓала на снимања, не ги почитувала договорните правила и дека против неа ќе преземат правна процедура.
Адвокатот на актерката даде изјава меѓу која се вели дека таа работела во многу тешки услови, а кога актерката била на боледување, била натерана да работи на сила и мобинг.
Таа исто така во месец јануари 2022 ја информирала продукцијата дека веќе не може да продолжи ниту психички, ниту физички под тешките услови за работа и дека не сака да учествува во третата сезона на сапуницата, на што продуцентот тогаш усно се согласил, но сега, кога се снимале последните епизоди од сезоната, продуцентот го одбил барањето за раскинување на договорот велејќи дека договорот се уште трае и дека серијата продолжува со трета сезона.
Актерката веќе не се појавила на снимањата, а сезоната е завршена со каскадерски двојник. За потсетување, Канал 5 телевизија ја емитува втората сезона од “Аманет”, од понеделник до петок во 21 часот.
Дани | ТВ Пакет