По големото внимание кое го предизвикаа дневните мексикански серии, гледачите со неверување дека одеднаш Телма не продолжи со емитување на нови успешници од продукцијата на Телевиса.
Ти го давам животот и Ако нѐ остават беа вистинско освежување во етерот за сите оние кои растеа со екранизираните приказни од Мексико, а особено затоа што последните години сериите на Телевиса се пример за забавна и гледлива содржина за љубителите на мелодрамите ширум светот.
По овие две новели, следуваше Непобедлива љубов – спектакуларна теленовела со прединамично дејство и заплети што наголемо ги освои срцата на публиката што ги следи теленовелите.
И во продолжение, по неа гледавме уште една мексиканска серија – Рудници на страста, која доби одлични критики од читателите на ТВ Пакет. Но, неодамна истата заврши и на нејзино место, Телма телевизија не продолжи со нова теленовела на разочарување на гледачите.
Овие серии станаа неизоставен дел од програмските шеми на големите телевизии низ регионот последниве три години, како што се хрватска ХРТ, српска РТС, српска Курир, црногорска РТЦГ, босанска БХРТ, бугарски Диема и Бтв, словенечки ПОП и Планет.
Во наплив на маратонски турски серии, контактни програми со гледачи и бескрајни политички дебати на другите приватни телевизии, Телма телевизија како тв со поразличен концепт треба да понуди нови теленовели за своите гледачи и да им ја исполни желбата на илјадници фанови на таквиот жанр на серии.
Дани | ТВ Пакет