ТВ 24 од денес нема да ја емитува италијанската сапунска драма “Женски рај” во 21 часот. По емитувани 100 епизоди, серијата е укината од страна на телевизија 24. Истите 100 епизоди два пати едно по друго се емитувани оваа година во прајмтајм; и сега повторно се прекинува серијата на истата епизода каде што и првиот пат беше сопрена.
Дали се работи за целосно укинување или привремено до почеток на следни продолженија, не знаеме. А одговор од телевизијата кон редовните гледачи, нема.
ТВ Пакет секогаш стоел на располагање на сите медиуми во земјава со цел за навремено и точно информирање на читателите за телевизиските содржини и термини. Но, било какво известување за оваа серија и до нашиот портал нема стигнато.
Дали гледачите на приказната за гламурозната стоковна куќа ќе имаат можност да ги проследат и следните сплетки и љубовни заплети, останува да видиме. Во меѓувреме, во Италија со снимање и прикажување започна нова сезона, некаде по 330.та епизода.
Дани | ТВ Пакет