Почетна / Филм / „Го мразам Денот на вљубените“, романса и хумор на МРТ 1 во вторник

„Го мразам Денот на вљубените“, романса и хумор на МРТ 1 во вторник

„Го мразам Денот на вљубените“ е романтична комедија од 2009 година, напишана и режирана од Ниа Вардалос. Главните улоги во филмот ги толкуваат самата режисерка, сценарист и актерка Вардалос и Џон Корбет, претходно видени заедно во хит филмот на Вардалос од 2002 година „Мојата голема дебела грчка свадба“.

Цвеќарката Женевиев Герние (Вардалос) верува дека најдобриот начин да се постигне романтично исполнување е никогаш да не одите на повеќе од пет состаноци со ист маж. Таа е принудена да ја преиспита својата филозофија кога ќе го запознае Грег Гетлин (Корбет), сопственик на ресторан кој се доселува во нејзиното соседство.

Вторник, 13 февруари 2024 година, МРТ 1, 21.00 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

error: Содржината е заштитена!