Озан Долунаи и Беркер Ѓувек ги толкуваат улогите на Џенк и Недим во интригантната турска драма “Суровиот град” која е во последните недели на емитување на Сител.
Двајцата актерки година дена по финалето на серијата во Турција се видоа на лајв чат на Инстаграм, каде споделија убави спомени од снимањата и разменија убави зборови меѓусебно.
Еве како течеше разговорот на заводниците од “Суровиот град”:
Недим: Како си, дали си добар?
Џенк: Добро сум, брат, благодарам. Ти како си?
Недим: И јас сум добар, брат мој.
Џенк: Од снимања ли се прибираш?
Недим: Не, сега ќе одам на снимања.
Џенк: Многу те сакам, да знаеш. Ептен убаво ни беше на снимањата на серијата “Суровиот град”.
Недим: И јас тебе, братче. Никогаш нема да заборавам дека запознав вистински другар токму на оваа серија.
Дани | ТВ Пакет