Почетна / Забава / Голема стендап забава во општина Кисела Вода со актерот Бојан Велевски

Голема стендап забава во општина Кисела Вода со актерот Бојан Велевски

Во тек е голема стендап турнеја на актерот Бојан Велевски, насловена како „Све ли ја да мислам?!“. Стендап комичарот ќе настапи во 10 градови во Македонија, а големото финале ќе се случи на 18-ти ноември во Станица 26, Скопје.

Оваа сабота (23.09.2023) Бојан ќе одржи големо стендап шоу во паркот „Македонија“ (кај домот на култура „Билјана Беличанец”), Кисела Вода.

Оваа стендап забава, на која се очекуваат околу 1000 присутни, е најава за големиот настан што ќе се случи на 18-ти ноември, на кој ќе можете да слушнете нови шеги, на сметка на секојдневното наше живеење.

Влезот е слободен, па затоа земете ги вашите најблиски и исполнете си ја саботната вечер со смеа и забава.

Билети за големото стендап финале на 18-ти ноември во Станица 26, можете да купите ТУКА.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

error: Содржината е заштитена!