Ернесто Ренгони и неговата сопруга Елеонора имаат пет деца и три внуци и живеат сите заедно во една голема палата во Инвериго во северниот дел од Италија.
Првородениот Едоардо е во брак со Кјара, која пред многу години се забавувала со братот на Едоардо, Раул. Едоардо и Кјара имаат две деца: Валентина и Ернестина. Лаура е второто дете на Ернестo и Елеонорa. Таа е адвокат и го има синот Никола кој крие разни проблеми. Третиот син, Раул води терапевтска фарма за јавање. Тој живее со Мартина и се грижат за привремено посвоеното момче Салватор (Салво), син на наркоман.
Тука е и Николета, четвртото дете на Ренгони, која подготвува докторат по економија и е љубовница на нејзиниот професор Виторио. Ругеро Бендети Валентини е потомок на семејство индустријалци и неуморно ѝ се додворува на Николета, но таа не може да го поднесе. Последното дете е миленикот на семејството, Стефано. Тој има 28 години и посебно е поврзан за сестра му Николета. Го загубил својот најдобар пријател во сообраќајна несреќа во која и самиот учествувал.
Додека на имотот Ренгони се прославува 65-тиот роденден на дон Ернесто, пристигнува веста дека хидроавионот со кој управувал Едоардо се урнал во езерото Комо за да стигне до Инвериго. Но, телото не е пронајдено. Исчезнувањето на Едоардо го потресува целото големо семејство Ренгони.
Патријархот Ернесто е принуден да се врати на чело на фабриката и случајно открива дека од банкарските сметки на компанијата исчезнале дваесет милиони евра. Ситуацијата во фабриката се влошува, сè до часот кога Ернесто, во обид да спречи банкрот и губење на вилата, решава да ја продаде фабриката.
Секоја сабота и недела на Сител, следете ја италијанската драмска серија за “Големото семејство”.
Дани | ТВ Пакет