Почетна / Телевизија / Горан Петрески (А1): Нема да ме гледате на телевизија!

Горан Петрески (А1): Нема да ме гледате на телевизија!

По бројните шпекулации, меѓу кои и онаа дека Горан Петрески ќе ги презентира вестите на интернет телевизијата А1он, ТВ Пакет му се обрати лично нему за да ја открие вистината пред своите читатели.

 

 

Имено, тој ги демантира шпекулациите дека ќе биде дел од новата телевизија А1он. Поранешниот уредник на вестите на А1, моментално е главен уредник на новиот весник “Ден”. Петрески своето искуство и професионализам ги продолжува во новиот весник кој секојдневно се продава во се поголем тираж, доказ за тоа е надминатиот лимит на посетители на нивниот сајт, имаат поголем број читатели од очекуваното, а во врска со повторното активирање на неговата телевизиска кариера засега не е нешто многу заинтересиран.

“Останувам во весникот и сега засега немам намера да се активирам на некоја телевизија”,
изјави Петрески за ТВ Пакет.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!