Во програмската шема на телевизија Телма за следнава седмица (објавена и на веб сајтот на телевизијата), за португалската теленовела очигледно нема место. Имено, од понеделник, 25-ти јануари 2021 година, “Горчлива одмазда” не стои во програмскиот водич на телевизијата.
Наместо неа, во 9.45 часот ќе се емитува уште една реприза од Шоуто на Елен, покрај полноќната, а во 16.40 часот е премиерата на Елен, која досега се прикажуваше во 14.30 часот (во 14.30 од сега е реприза на шоуто со Ентони Бордеин).
По оваа програмска шема, Шоуто на Елен и Шоуто на Ентони Бордеин добиваат неколку репризи во текот на денот, плус неделни репризи за викенд.
Гледачите и читателите на ТВ Пакет ги интересира – зошто Телма нема да продолжи со нови епизоди од “Горчлива одмазда”? Првата сезона заврши во петокот (22.01.2021), но дали воопшто Телма ќе ја емитува и втората сезона?
Дали е фер кон сите оние гледачи да не се продолжи со сличен жанр на програмска содржина (сапунска драма од квалитетни продукции) каква што изминатава година навикнаа да следат ?
ТВ Пакет го пренесува гласот на читателите и воедно, гледачи, кои заслужуваат да следат првокласни светски драмски сапунски серии како Велвет, Колекција Велвет и Горчлива одмазда, кои единствено се емитуваа на телевизија како што е високоценетата национална Телма.
| ТВ Пакет