Нова викенд драмедија на Фокс Лајф. “God friended me” има две сезони со вкупно 44 епизоди, која на овој популарен канал за серии ќе се емитува секоја сабота и недела во 22 часот, со реприза во 14.20 часот.
Серијата го прикажува животот на Мајлс, атеист на кој на Фејсбук добива барање за пријателство од профил по име „Бог“. Овој профил му предлага нови пријатели на Мајлс, луѓе во неговиот роден град Њујорк, на кои ќе им биде потребна помош.
Првично скептичен, но сепак Мајлс ќе одлучи да ги следи овие предлози за да им помогне на луѓето. Неговиот прв предлог за пријател е лекар кој изгубил пациент и бил на работ да ја изгуби и својата девојка. Додека го следи неговиот втор предлог за пријател, Мајлс се среќава и се спријателува со Кара, новинарка во списанија.
Заедно со Кара и неговиот пријател-хакер Ракеш, Мајлс се обидува да открие кој стои зад сметката „Бог“, додека сè уште обезбедува помош на оние пријатели кои му беа сугерирани од овој профил. Атеистичките ставови на Мајлс понекогаш предизвикуваат конфликт со неговиот татко, кој пак е пастор на епископска црква во Харлем.
Дани | ТВ Пакет