Последното издание на „Нешто Конкретно“ донесе машки гости, а темата беше како се станува Маж на годината, таква манифестација има во Македонија, па Снеже се обиде да ги пронајде квалификациите кои треба да ги има Мажот на годината?
Гости и беа актерот и директор на Браќа Манки – Мони Дамевски, поранешниот кошаркар, а сега директор на компанија за осигурување Ѓорѓе Војновиќ, готвачот Филип Поповски и идејниот творец на манифестацијата Мажи на годината – Марко Костадиновски.
Првиот предизвик на кој одговорија гостите беше: Која храна, кој пијалок кој автомобил и која жена би биле?
Готвачот Филип од прва одговори дека е бифтек, а како бифтек се гледа и Војновиќ. Интересен беше изборот на жени,
– готвачот Фичо ако е жена би бил Моника Белучи – за сите да го сакаат,
– Мони Дамевски ја одбра Маргарет Тачер – би сакал да бидам силна жена која може да промени нешто во светот.
- Марко пак, одбра да биде неговата сопруга водителката на утринската на МТВ, Јована Костадиновска.
А Војновиќ се мислеше меѓу првата жена која професионално се трка со автомобили Даница Патрик или сопругата Маја.
Од автомобилите Филип се гледа како Порше, Мони е Масерати или Лотус Марко е Ферари, а Вијновиќ одбира по габартни возила па вели дека е некој џип.
Разговорот понатаму течеше во однос на нивните позиции и нивното однесување со тимовите и луѓето со кои работат.
Мони изјави дека го прелажале да стане директор на Манаки укажуваќи му дека не е воопшто тешко да се организаира таков фестивал ама доцна видел дека влегол во „длабокото“.
Војновиќ призна дека бил голем малер во кошарката, а и знае дека ако си лидер вината секогаш отпаѓа на тебе, па вели – Кога победува тимот, тоа е заедничка победа ама кога губи тимот, тој што промашил е виновен.
Готвачот Филип пак е горд на себе што одлучил да остане во Македонија и тука да гради кариера, место да оди во странство каде би бил само работник и ништо друго.
Во епизодава откријте и што никако не ставаат во уста од храна гостите, дали еден е Манаки или сите сме Манаки и кој е нај НЕмаж на годината.
А слушнете и кои се најлошите одлуки кои ги донеле гостите, а испаднало дека се најдобри.
Дани | ТВ Пакет