Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Емисија на Наша ТВ за предизвиците на градежниот сектор

Емисија на Наша ТВ за предизвиците на градежниот сектор

Што го мачи градежништвото?
Кои се предлог решенијата за развој?
Како до нов закон за градежништво?
Стандарди и еврокодови. Кога и како?
Дали дуалното образование е потреба и за студентите и за компаниите?

На Наша ТВ се прикажува нова телевизиска емисија „Градиме да трае“, каде што се зборува за предизвиците на македонскиот градежен сектор.

Од иновации во технологии до еколошки одржливи практики, од успешни примери на соработка до примери на соочувања со предизвиците – секое излагање нуди нова инспиративна перспектива.

Гледачите можат да ги запознаат луѓето зад бројките – инжинерите, урбанистите, архитектите, студентите , професорите, локалните власти и бизнис лидерите кои не само што градат, туку и ја менуваат динамиката на нашето општество. Ќе слушнете за проекти кои не само што создаваат работни места, туку и градат квалитет на живот.

Секој епизода е нова прилика да се учи, расте и гради. Премиера во петок 20:30 и реприза во недела 14 :00 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Трка низ светот“ – британското реално шоу за викенд на Канал 5

Никогаш не било полесно да се стигне до другата страна на светот. Но, дали летајќи …

error: Содржината е заштитена!