Третото издание на Грчкиот филмски фестивал, кој оваа година согласно сѐ уште актуелните пандемиски услови, а заради целосна извесност при реализацијата се одржува во телевизиски формат, со емитување на целата фестивалска содржина на националната телевизија Алфа.
Програмата на фестивалот е составена од 6 долгомeртажни играни и документарни филмови. Програмата е исклучително репрезентативна и разнолика и вклучува филмови од повеќе различни генерации на грчки режисери, меѓу кои и прославените и веќе легендарни грчки режисери со светска слава: Динос Димопулос и Јоргос Лантимос.
Ексклузивно за првпат пред македонската јавност ќе биде прикажан и првиот филм на веќе светски прославениот грчки режисер Јоргос Лантимос, “Мојот најдобар пријател“.
Во склоп на програмата ќе бидат прикажани и одлични филмови од најновата грчка филмска продукција меѓу кои и документарниот филм “Човек делфин“.
Дани | ТВ Пакет