После многу распродадени сали ширум Балканот, време е за голем концерт на Халид Бешлиќ и тоа во Скопје на 26-ти ноември во „Арена Борис Трајковски“.
Без сомнение можеме да кажеме дека Халид Бешлиќ веројатно е еден од најпопуларните пејачи на Балканот и име и презиме кое секогаш ги полни срцето и душата на неговата публика.
„Музиката не е професија, музиката е нешто кое многу го сакам и така ќе биде до самиот крај“ – токму оваа негова изјава најдобро го опишува неговиот пристап кон музиката во која навистина ужива, но и почитта за своите фанови кои со години го следат на секој негов концерт.
Тој доаѓа за прв пат во Скопје, со голем концерт за да ни ги отсвири сите хитови од неговата богата музичка кариера, како: „Miljacka“ „Prvi poljubac“ „Ja bez tebe ne mogu da zivim“ и уште многу други, со кои дефинитивно ќе ви ги разигра и разнежни срцата.
Првиот сингл „Gresnica“ го сними во 1979 година, кога започна неговиот нагорен пат кон успехот и популарноста на босанската и балканската естрада. Резултатот од работата на Халид од 1979 до сега се 22 објавени студиски албуми, кои се продадени во милиони копии, а во текот на неговата долгогодишна кариера добитник е на бројни награди и признанија.
Картите за концертот се веќе пуштени во продажба и истите можете да ги најдете преку продажната мрежа на kupikarta.com Југотон и Розе Веро 2.
Халид Бешлиќ доаѓа во Скопје. Се гледаме на 26-ти ноември во „Арена Борис Трајковски“.
Дани | ТВ Пакет