четврток, 27 октомври 2022 година, МРТ 1, 23 часот – крими трилерот “Екстремни мерки”
Гај Лутан е млад лекар и стажира во Ургентниот центар во Њујорк. Една вечер, во болницата доаѓа пациент кој е бескуќник и тврди дека земал лекови за кои Лутан никогаш не слушнал.
Набрзо пациентот умира а Лутен не може да ја поврзе неговата сеопфатна историја на болест. Телото го носат на аутопсија, но кога лекарот се обидува да ја дознае причината за неговата смрт, од мртовечницата добива одговор дека никој со такво име не е примен кај нив.
Лутан им се обраќа на надлежните во Ургентниот центар, но се сомнева дека тие се обидуваат да ја прикријат ситуацијата. Во процесот на истражувањето, Лутан сфаќа дека угледниот лекар Лоренс Мирик е вплеткан во случајот, и доаѓа до шокантни сознанија за него.
Дани | ТВ Пакет