Почетна / Живот / Хуманитарна изведба на претставата „Гласови“ на Светскиот ден на театарот

Хуманитарна изведба на претставата „Гласови“ на Светскиот ден на театарот

По повод Светскиот ден на театарот, Театар „Чекори“ ќе ја изведе претставата „Гласови“ во Домот на култура „Димитар Влахов“ во Автокоманда, Скопје. Претставата е закажана за четврток, 27.3.2025, во 20 часот.
Настанот ќе биде од хуманитарен карактер, а собраните средствата ќе бидат донирани во фондот за помош на настраданите и повредените oд Кочани.

Влезот за претставата е бесплатен, но ќе биде поставена кутија за донации, каде што секој што сака, може да придонесе според своите можности.
Режисер на претставата е Маја Ѓурчевска, актерската екипа ја сочинуваат Марко Џамбазоски и Никола Димевски, а тон и светло мајстор е Рој Стефанова.
Пораки за светски ден на театарот читаат: Никола Кузманоски, Зорица Станковска и Михаил Митески.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија во солзи – незапаметена трагедија во дискотека

51 загина, а повеќе од 100 се повредени во синоќешниот пожар во дискотека во Кочани, …

error: Содржината е заштитена!