Време кога младите ги почитуваа старите, време на закон и ред, тоа е црно-бел свет! МТВ 1 во 15.00 часот, од понеделник до петок, следете ја репризата на “Црно бел свет”.
Хрватската хумористична серија следи две загрепски семејства од почетокот на 80-те години. Поради автентичните костими, шминката, ентериерот, возилата, звукот и архивските материјали, ќе доживеете вистинско враќање во 80-те!
Секојдневните службени и приватни случки во серијата се испреплетуваат со тогаш актуелните општествени случувања, ритуали, навики и неволји ( смртта на Тито, служење војска, шопинг во Трст, рестрикции на струја, недостиг на разни производи, возење „пар-непар“…), …
… што заедно со сигналите и симболи од почетокот на 80-те (рок и поп евергрини, весници и списанија, познати ТВ-серии и филмови, бучни натпревари, први знаци на потрошувачкото општество на иднината…) ја создаваат претпознатливата слика на тоа време запаметено по општата либерализација на општеството и неверојатната експлозија на креативна урбана енергија.
Улогите ги толкуваат Филип Риџички, Славко Собин, Јелена Михољевиќ, Франњо Кухар, Сретен Мокровиќ, Аница Добра, Карло Малоча, Каја Шишмановиќ, Елизабета Кукиќ и др.
Дани | ТВ Пакет